“Српски вез“ на Видовден настапува во Кучевиште

26.06.2015 09:00 | KumanovoNews

 Културно-уметничкото друштво “Српски вез“ во недела во 19 часот, ќе настапи во сeло Кучевиште во општина Чучер Сандево, каде Српската заедница ја организира централната прослава за Видовден.

“Српски вез“ на Видовден настапува во Кучевиште

“По повод еден од најголемите празници на Србите, KУД“Српски вез“ ќе настапи со две кореографии и со солистите Гордана Кузмановска и Дејан Петковски“ - вели Далибор Китановиќ, претседател на “Српски вез“.

На прославата ќе настапат и друштвата “Свети Сава“ од Тетово и “Вук Караџиќ“ од Кучевиште.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk