„Српски вез“ со ликовна работилница го одбележа „Видовдан“

27.06.2019 11:16 | KumanovoNews

 Културно уметничко друштво „Српски вез“, со Српската заедница во Македонија, организираше ликовна работилница на тема: „Насликај ја својата татковина“ по повод празникот „Видовден“.

„Српски вез“ со ликовна работилница го одбележа „Видовдан“

Помладите членови од друштвото имаа можност да сликаат и да ја покажат својата креативност и својот талент за уметност, како и да состават неколку стихотворби на тема татковина.

КУД „Српски вез“ од септември ќе формира драмска и рецитаторска секција, во која ќе имаат можност да членуваат сите талентирани членови и деца до 16 годишна возраст од Куманово. Со нив ќе работат професионални актери и писатели.

 Друштвотот на големиот празник Видовден ќе настапи во Општина Ранилуг, Косово, на повик на Културно уметничкото друштво „Симонида“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk