Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стабилна е здравствената состојба на двете деца, кои синоќа беа повредени во сообраќајната несреќа на булеварот „Октомвриска револуција“, тврдат болнички извори.
Едно од дечињата е испратено на КАРИЛ во Скопје со повреди на главата, а другото е задржано во Кумановската болница .
„Момчето е донесено со полесни повреди и задржано е на хируршкото одделение во нашата болницата на иследување, заради можни внатрешни повреди. Засега детето се чувствува добро и доколку нема промени на здравствената состојба, по 24 часа, односно утре сабајле ќе биде пуштено дома, - вели хирургот Стефан Трајановски.
Од лекарски извори, неофицијално, дознаваме дека и шестгодишното девојче се опоравува на Клиниката во Скопје.
Двете деца Б.П.(6) и М.П.(5) , се повредени синоќа додека чекале со својот татко да ја поминат улицата на пешачки премин кај спортската сала Куманово. Тогаш на раскрсницата се судриле двата автомобили, по што еден од нив удрил во децата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk