Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По синоќешната експлозија, станарите од зградата број 5 на булеварот „Октомвриска револуција“ ги поправаа оштетувањата на становите.
Главно се заменуваат стаклата на искршените прозорци и се поправат оштетените врати. Сеуште вознемирени од несекојдневната несреќа, граѓаните се враќаат на секојдневните обврски и велат дека се ќе помине полесно кога нема повредени или загинати.
Оддеднаш слушнав силна експлозија. Мислев дека зградата ќе се сруши. Истрчав надвор заедно со другите соседи и видов за што се работи, - раскажува еден од сосед.
Плинската боца експлодирала во станот на Б.Н., додека била поставена во кујната над електричниот шпорет. Од блиски на семејството дознаваме дека боцата била од 3 литри, полупразна, но предизвика силна експлозија со голема разорна моќ, која ги вознемири станарите на околните згради и направи голема матерјална штета. Во моментот на експлозијата во станот била сопругата и синот на Б.Н. Соседите велат дека имале голема среќа што поминале без повреди.
Се обидовме да поразговараем со сопствениците како дошло до несреќата, но тие не сакаа да зборуваат за немилиот настан. Го чистеа уништениот стан кога ги посетивме.
Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител, увидна екипа на СВР-Куманово и екипа на Антитероризам при МВР на РМ. Материјалната штета дополнително ќе се утврдува.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk