Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на улица „Тоде Думба“ во влезот 68/2 денеска ги чистеа подруми, кои завчера беа зафатени од голем пожар.
Причината за пожарот се уште не е позната, но се претпоставува дека е предизвикана од струен удар на старата инсталација.
„Еве расчистуваме, направената штета е голема. Изгоре целата зимница која се уште ја имавме, но и нов велосипед и други работи. Во дел од подрумите има ставено замрзнувачи, кои се поголеми потрошувачи од тоа за што е предвидена мрежата, ова мораше некогаш да се случи“, коментираат повозрасните Тоде и Виолета, долгогодишни жители во зградата.
Пожарот бил забележан во задниот дел од подрумот. Опожарени се три подрумски простории.
Шпекулациите дека причани за пожарот се градежни работи пред зградата, жителите ги отфрлаат.
„Имам изведен штекер на терасата, јас им дозволив да вклучат мешалка за бетон. Претходно, влечеа струја од сосетка од првиот влез, апсолутно не е точно дека бесправно се вклучувале во нашата мрежа. Мешалката не работеше ни еден час, само колку да ги направат рабниците, за местење на бекатонот не им треба струја“, истакна Елизабета Серафимовска, која живее на приземјето пред кое е работено.
Пожарот избувнал завчера во 21.38 часот, а гаснењето траело два часа. Интервенирано е со 1ППП возило и 5 пожарникари во гаснење на пожар во подрумот на зградата. Причината за пожарот како и матерјалната штета дополнително ќе се утврдува.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk