Станарите учат како да ги заштитат зградите од крадци

03.04.2015 07:26 | KumanovoNews

Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со куќните совети, започна кампања за едукација на станарите за заштита од тешки кражби.Во кампањата ќе се вклучат над сопствениците на триста згради во градот.

Станарите учат како да ги заштитат зградите од крадци

“Целта е преку фирмите-управители да се влијае на куќните совети и станарите, на лична заштита на својот имот и подигнување на граѓанска совесност за заштита, пријавување на сомнителни лица и пријавување на се она што сметаат дека може да помогне за сторено кривично дело или ако се сомневаат дека некој може да направи тешка кражба во стан. На тој начин ќе се заштити целото соседство. Поделени се постери кои ќе бидат истакнати во фирмите и зградите за заштита од тешки кражби во станови“ - објаснува Виолета Богдановска од отсек за превенција во СВР Куманово.

Според полицијата, како најзначајни мерки за превенција од кражби се: сопствениците на становите да не ги отвараат влезовите на секого, да не даваат информации на непознати за тоа кој каде живее и да постават видео надзор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk