Стапи на сила ограничувањето на профитот за 73 производи

24.09.2024 22:39 | KumanovoNews

Денеска стапи насила владината одлука за ограничување на профитот на трговците за 73 прехранбени производи од есенската потрошувачка кошница. 

Стапи на сила ограничувањето на профитот за 73 производи

На листата на производи се брашно, леб, пекарски производи, млеко, млечни производи, месо, преработки од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, тестенини, масло за јадење и дел од конзервираните производи.

Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа кошница, треба да бидат јасно обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Одлуката ја донесе Владата на предлог на работна група формирана од министерствата за економија, финансии и земјоделство.

Во есенската потрошувачка кошница се вклучени прехранбените производи што најмногу ги користат граѓаните, додека според опозицијата, мерките на Владата се задоцнети и нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk