Старец најден мртов во шахта

04.07.2016 10:01 | KumanovoNews

Б.Ц.(81) од Куманово вчера е пронајден мртов во шахта.

Старец најден мртов во шахта

Несреќата се случила на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, кога во 14.15 часот семејството го пронашло починатиот човек во шахта каде се наоѓал водомерот, во дворот на куќата.

 Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Куманово. При извршен преглед над телото на починатиот не биле пронајдени траги на насилство. Телото ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk