76-годишниот маж кој беше пронајден мртов во својот дом е убиен, покажа обдукцијата

22.11.2023 12:43 | Сузана Николиќ

Обдукцијата на телото на М.Д.  од Крива Паланка покажала дека тој починал од насилна смрт.

76-годишниот маж кој беше пронајден мртов во својот дом е убиен, покажа обдукцијата

"По извршена обдукција на телото на М.Д.(76) од Крива Паланка, кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје констатирано е дека се работи за насилна смрт, односно убиство", соопшти Кумановската полиција.

Неофицијално, починатиот во неговиот дом го нашле од службата за нега на стари лица, по што пријавиле во полицијата. Тој живеел сам.

ОВР Крива Паланка презема мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk