Старецот во Шупли Камен задавен

21.03.2011 17:02 | KumanovoNews

Обдукцијата покажала дека старецот починал од насилна смрт предизвикана од давење

Старецот во Шупли Камен задавен

 Радивоје Тасевски (79) од Шупли Камен, кој беше пронајден мртов во неговата куќа, бил задавен. Обдукцискиот наод  од Судска медицина, покажал дека старецот починал од насилна смрт, како последица од давење. Неофицијално дознаваме дека му биле украдени и парите што ги имал заштедено.

Безживотното тело на старецот, кој живеел сам, откако му починала споругата, во четвртокот го пронашла негова сосетка. Таа се посомневала дека нешто му се случило, бидејќи не излегол  во дворт  4 дена, а не му работело радиото што обично го пуштал гласно. Кога заминала во куќата, го пронашла како лежи во креветор без знаци на живот.  При преглед на телото, лекарот констатирал дека Радивоје починал пред неколку дена, а на телото биле забележани траги на насилство. Истражен судија, потврди дека му бил скинат и џемперот што го носел.  

Соседите на Радивоје кажуваат дека старецот го посетувале бездомници и сомнителни млади луѓе. Во полицијата два пати било пријавувано дека го напаѓале, но не биле откриени разбојниците. Од страна на СВР Куманово работат на откривање на убијците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk