Стариот градски парк ќе добие осветлување до крајот на месец

14.11.2016 15:17 | KumanovoNews

Стариот градскиот парк, кој се наоѓа зад Автобуската станица, ќе биде осветлен до крајот на месецот.

Стариот градски парк ќе добие осветлување до крајот на месец

Изградбата на јавното осветлување е при крај и за десетина дена ќе биде пуштено во употреба. За таа намена се потрошени 3 милиони денари, - изјави директорот на ЈП “Куманово-паркинг„ Фадиљ Шабани.

Со проектот беше планирано и осветлување на улицата „Братство единство“ од Автобуската станица до Градската џамија, но поради немање пари префрлен е за наредната година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk