Старите бесплатни учебници ќе се заменат со нови

14.08.2015 15:10 | KumanovoNews

Учебниците постари од пет години ќе се заменат со нови, освен оние по математика и природни науки за седмо, осмо и деветто одделение.

Старите бесплатни учебници ќе се заменат со нови

За оваа намена ќе бидат потрошени седум милиони евра, потврдуваат од Владата. Ќе бидат испечатени нови учебници од прво до деветто одделение во основното образование и од прва до четврта година за средно образование.

Лани биле заменети учебниците по Кембриџ системот за математика и природни науки за прво, второ и трето одделение. Годинава ќе бидат сменети за четврто, петто и шесто одделение, а наредната година  за седмо, осмо и деветто одделение.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk