Старите лица добија уредени соби

16.03.2016 12:07 | KumanovoNews

Во Домот за стари лица “Зафир Сајто„ денеска беа пуштени во употреба реновирани 13 соби, 12 тоалети и 4 купатила.

Старите лица добија уредени соби

 За таа цел се потрошени 3,6 милиони денари сретства обезбедени од сопствените приходи на домот.

Наша стратешка цел е на нашите корисници да им обезбедиме активен социјален живот, квалитени здравствени услуги, добри услови за сместување и тоа се обидуваме да го реализираме. Покрај нашиот финаскиот капацитет ќе ни треба помош од општината и Министерството за труд и социјална политика за да продолжиме понатаму“-изјави директорот Џемаљедин Реџепи, на вчерашното пуштање во употреба на реновираните простории.

 Во Домот интензивно се работи на подобрување на условите за сместување. Мината година е реновиран одделот за геријатрија, а оваа година се предвидени уште 2,1 милион денари за реконструкција на другите простории. Склучен е и договор со Општата болница Куманово за преглед на корисниците од лекари специјалисти интернист и психијатар.

На отварањето присуствуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски, кој е задоволен од постигнатите резултати.

Ние имаме голема потреба од вакви социјални установи, но Министерството за труд и социјална политика не заборави веќе 10 години. Затоа го истакнувам моето задоволство од она што го гледам денеска. Вака треба да се менеџираат јавните сретства и тоа е добар показател дека се работи“, - изјави Дамјановски.

Во Домот на стари лици Зафир Сајто, покрај од Куманово се сместуваат и стари лица од регионот и пошироко.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk