Старо Нагоричане - 77 години раст и развој (видео)

15.11.2021 07:54 | Сузана Николиќ

Старо Нагоричане прославува 77 години од ослободувањето и 77 години раст и развој во слободна и независна држава.

Старо Нагоричане - 77 години раст и развој (видео)

Се споменува уште во стариот турски дефтер од 1519 година, како најголема Нагоричка нахија со дури 114 населени места. Била главна сообраќајница и крстосница од каде започнал развојот на Североисточниот регион.

Старо Нагоричане функционира како самостојна општина се до 1965 година, кога е укината, за да повторно биде воспоставена локалната самоуправа во 1996 година со новиот закон за територијална организација.

За време на НОБ, општината е позната по одлучувачките битки во Козјачкиот регион и славниот водач Христијан Тодоровски Карпош, како и по историските одлуки за македонската држава донесени на првото заседание на АСНОМ во манастирот „Прохор Пчински“, во близина на Пелинце.

Денес, Старо Нагоричане се развива во современа општина со европски перспективи и го гради својот пат на економски, културен и општествен развој.

Интензивно се градат и обновуваат локалните институции, патната и комунална инфраструктура, се планира урбаниот развој, се одвиваат значајни културни и спортски манифестации. И станува се поатрактивно место за туристите поради природните благодети, чистата околина, како и значајните историските и културни вредности. (комерцијален текст)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk