Старо Нагоричане ќе соработува со Вождовац

09.04.2011 13:31 | KumanovoNews

 Општините Старо Нагоричане и Вождовац од Србија ќе соработуваат на економски, културен и спортски план.

Старо Нагоричане ќе соработува со Вождовац

Ова било договорено на вчерашната средба на делегацијата предводена од градоначалникот Миодраг Јовановиќ со првите луѓе на градската Општина Вождовац, која се наоѓа во состав на градот Београд. Градоначалникот Јовановиќ се сретнал со својот колега Драган Вуканиќ, заменик градоначалник Драган Човиќ и нивните соработници. При тоа било договорено за заедничко воспоставување и развивање на меѓународната соработка на двете општини на економски,стопански, спортски и културен план, како и за понатамошните чекори во остварување на појаки општински врски.


 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk