Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Старо Нагоричане доби нов плоштад во центарот на селото. Црвената лента ја пресекоа градоначалникот Милован Стојковски и заменик министерот за култура Драган Недељковиќ. Плоштадот е изграден од средства на Министерството за култура и проект на ЕУ.
Проектот чини 1,8 милиони денари. Овој плоштад е дел од комплексот Свети Ѓорѓи, кој е под заштита на државата. Европската унија преку Министерството за култура го препозна значењето на овој проект и мислам дека тоа ќе даде потстрек на жителите на Старо Нагоричане да останат да живеат на своите вековни огништа и да го развиваат земјоделството, - изјави заменик министерот за култура Драган Недељковиќ.
На свеченото пуштање во употреба на плоштадот присуствуваа голем број на мештани од општината и гости од повеќе градови од земјата и странство.
Жителите на Старо Нагоричане се задоволни од изградбата на плоштадот и сметаат дека тоа ќе го подобри квалитетот на животот во оваа рурална општина.
Од големо значење за нас е овој плоштад, бидејќи тука ќе го поминуваме слободното време со пријателите. Преку културното друштва „Српски вез“ се организираат разни културни манифестации, ќе гостуваат музички групи се со цел да се подобри културниот живот во општината - изјави една млада девојка од селото.
По повод отварањето на плоштадот, концерт одржаа подмалдокот на Културно-умертничкото друштво Српски вез, кое се формираше со сретства од европската комисија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk