Старо Нагоричане една година без доктор

22.07.2013 12:34 | KumanovoNews

 Пред еден месец амбулантата во Старо Нагоричане била понудена на оглас, но немало интерес од матичните лекар да ја земат под концесија.

Старо Нагоричане една година без доктор

 Жителите на Старо Нагоричане една година се без лекар, бидејќи  матичните лекари не сакаат да работат во рурални средини.

Селаните кажуваат дека порано работела докторка, но откако таа заминала на специјализација сега на матичен лекар мораат да одат во Куманово.

Јас живеам до амбулантата. Таа е нова и штета што нема лекар. Само ние дома сме шест члена и матичен лекар имаме во Куманово. Ние би биле задоволни да има лекар, макар со половина работно време до 12 часот. Ќе биде корисно и за жителите на околните села - вели Драгослав Димитријевиќ од Старо Нагоричане.

Директорот на Здравствен дом Куманово, Миомир Панковски објаснува дека пред еден месец амбулантата во Старо Нагоричане била понудена на оглас, но концесионер не се јавил.

Во секое време кога и да се јави концесионер ние ќе му ја дадеме амбулантата. Нас ни е во интерес да работат амбулантите. Во руралните средини тешко е да се запишат пациенти. Луѓето не сакаат да го сменат докторот кој во меѓувреме го имале. Со мал број запишани пациенти лекарот нема ни да плати кирија и плати да извади. Исто е во сите рурални средини, во Љубодраг, Табановце, Пчиња - изјави Панковски.

Според податоци од 2011 година во Општина Старо Нагоричане живеат 4268 жители.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk