Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Старо Нагоричaне го прослави 11 Ноември, Денот на Општината .
По тој повод во основното училиште Светозар Марковиќ се одржа свечена седница на која беа доделени Ноемвриските награди, а на гостите им се обрати градоначалникот Милован Стојковски. Тој го истакна значењето на празникот и потсети за несебичната посветеност на локалната самоуправа во реализација на културните, спортски и инфраструктурни проекти, кои секојдневно го подобруваат квалитетот на животот во оваа рурална општина.
Проектот за црквата Свети Ѓорѓи е реализиран 90 насто, останаа само работите на црквата на Националниот конзерваторски институт. Денеска свечено го отвараме плоштадот. Почнува реализација на проект за зачувување на правата на малцинствата, формиравме подржница на културно уметничко друштво „Српски вез“. Дадовме напор да се асфалтира патот Никуљане- Челопек во должина од три километри. Имаме аплицирано за изградба на пет асфалтни патишта кои се во должина 1,2 километри во селото Младо Нагоричене, Пелинце- Враготурце. Сретствата се обезбедени од Светска банка околу 260 илјади евра што ги добиваме како рурална општина,- изјави градоначалникот Стојковски.
На одбележување на Денот на Општината традиционлано беа доделени и Ноемвриските награди. Оваа година наградени се: за најдобар земјоделец Ненад Станојковиќ од село Никуљане, најдобар сточар Синиша Трајковиќ од Алгуња, најуспешна фирма Стил Кон, најдобар спортист Славко Младеновиќ од Младо Нагоричане, најдобар просветен работник Томислав Антиќ. Добитници на признанија се: Новча Спирковски од Младо Нагоричане за најдобро уреден двор, Иван Павловски најдобар ученик, најдобра месна заедница Стрезовце, надворешен соработник Друштвото за противпожарна заштита Превентива, Полициската станица Старо Нагоричане за безбедноста во општината и Тања Јовановска за придонес во областа на културата.
Сакам да се заблагодарам на општината Старо Нагоричане и градоначлникот за доделената награда затоа што таа е од големо значење за мене и претставува стимулс за натамошната работа. Јас се занимавам дваесет години со земјоделие и оваа награда е само потврда за мојата добра работа. Обработувам околу педесет хектари земја,а во работата е вклучено целото мое семејство, - изјави земјоделецот Ненад Станојковиќ од Никуљане.
Изненадена бев, не очекував дека че ја добијам наградата. Јас сум снаа овдека десет години и мислев дека предност ќе имаат оние што се жители подолго време. Прилично млада ја земав оваа награда што ми е посебно драга и би ја издвоила од сите мои досегашни награди, - изјави Тања Јовановска.
На прославата беа и градоначалниците од пријателските градови на Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Сурдулица, Трговиште, Врање. Празникот на општината беше искористен за потпишување на меморандум за соработка со градоначалникот на црногорскиот град Беране.
Ја користам оваа прилика да им го честитам празникот на сите жители, и да го изразам своето задоволство од потпишување на спогодбата за збратимување на општините Старо Нагоричане и Беране. Се надевам дека соработката ќе биде на задоволство на двете општини во областа на културата, земјоделството, туризмот и во сите други заеднички точки, - изјави Драгослав Шчекиќ, градоначалник на Беране.
Прославата за денот на општината заврши со заедничко дружење на демаќините и гостите во еден кумановски ресторан.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk