Старо Нагоричaне остана без лекар

13.02.2012 10:12 | KumanovoNews

 Над пет иљади жители на општината Старо Нагоричане останаа без здравствена заштита затоа што од пред нова година се затвориле селските амбуланти.

Старо Нагоричaне остана без лекар

Жителите се жалат дека откако немаат матичен лекар мораат за најобична настинка да патуваат и по 30 километри до Куманово за да се прегледаат.

Сега без упат никаде не не примаат. Јас имам шекер и за контрола морав да имам упат прво требаше да најдат замена за лекарот, па потоа да ме прегледаат. Многу ни е тешко без лекар во селото, ние сме стари луѓе, немаме толку пари за да идеме секој ден на прегледи во Куманово- велат жителите.

Градоначалникот на Старо Нагоричане вели дека проблемот со здравствената заштита наскоро ќе се реши, а настанал поради тоа што концесионерот на амбулантите во Општината ненајавено ги затворил.

Ние разговаравме со директорот на Здравствениот дом во Куманово, и при крај е постапката за раскинување на договорот со претходниот концесионер. Многу брзо ќе се доделат овие амбуланти на други лекари. Истовремено од Министерството за здравство бараме да ни ги врати старите објекти на Здравствениот дом кои не се во функција а се на наша територија и со проекти да ги реконструираме и да ги ставиме во функција за  амбуланта, аптека, лабораторија, стоматолошка ординација и дежурна служба која ќе работи 24 часа во интерес на жителите- вели Јовановиќ.

Во моментот во оваа рурална општина има амбуланта само во селото Облавце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk