Старо Нагоричане се претстави во Нови Сад

06.10.2011 10:07 | KumanovoNews

Општината Старо Нагоричане се претстави на Меѓународниот саем за туризам, лов и риболов во Нови Сад Р.Србија, и го презентираше својот туристички потенцијал и атрактивните дестинации за туристите.

Старо Нагоричане се претстави во Нови Сад

Нашата презентација ја направиваме на штандот на Туристичката организација на Нови Сад, а ги презентиравме црквата Свети Ѓорѓи, споменикот Зебрњак, мегалитската опсерваторија Кокино и др. Јас зборував пред присутните гости, и го  нагласив значењето на развојот на туризмот, кој треба да биде економски двигател за развој на Општината. На презентацијата присуствуваа Зоран Стрезовски, директор на Агенција за развој на туризмот во Македонија и претставникот од амабасада на Македонија во Србија Ана Стојкова. Многу од присутни гости по прв пат се запознаа со убавините на нашата Општината, како и за мегалитската опсерваторија Кокино, што можеше да се заклучи од многубројните прашања од посетителите на саемот.  Исто така имаше интерс и за можноста за развој на ловниот туризам и посета на ловишта во нашата општина. Договоривме и инфо-тура во регионот заради запознавање со условите за инвестирање во сместувачки капацитети-  вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk