Старо Нагоричане собира помош за поплавените семејства

06.02.2015 11:33 | KumanovoNews

Општината Старо Нагоричане организира хуманитарна  акција за  собирање на неопходна помош за поплавените подрачја.

Старо Нагоричане собира помош за поплавените семејства

Сите заинтерасирани граѓани можат да донираат вода за пиење во пластични шишиња, конзервирана храна, тестенини, пелени и храна за деца.

 “Доколку сте во можност вашата помош доставете ја до општина Старо  Нагоричане. Сите ваши средства ќе бидат доставени до Црвен крст  Куманово од каде што ќе бидат транспортирани до најзагрозените подрачја зафатени од поплавите“ - стои во соопштението од општината.

За повеќе информации граѓаните можат да го контактираат  Оливер Стојмановски на 071/260­-117.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk