Старонагоричани печеа бик за Ѓурѓовден

06.05.2011 11:50 | KumanovoNews

 Во Општина Старо Нагоричане, вчера во очи на селската слава Ѓурѓовден, се одржа „Ѓурѓовденски собор 2011“, пред Чешмата до црквата „Свети Ѓорѓи“.

Старонагоричани печеа бик за Ѓурѓовден

За организацијата беше задолжен Иницијативниот одбор составен од жители на Старо Нагоричане, а со подршка на градоначалникот Миодраг Јовановиќ. За прв пат досега на веселбата се печеше бик, од кој сите присутни посетители можеа бесплатно да пробаат. Соборот започна попладнето околу 16,00 часот и траеше се до утринските часови, се собраа повеќе од 1000 луѓе од Старо Нагоричане, Куманово и пошироко и се помина во убаво расположение за задоволство на сите-велат од Општината.

Денеска сите жители на Старо Нагоричане, го слават Ѓурѓовден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk