Стартува автоматско здравствено осигурување

01.08.2014 08:07 | KumanovoNews

 Автоматско здравствено осигурување стартува од денеска, па во иднина вработените и нивните семејства нема да носат пријави во Фондот за здравствено осигурување.

Стартува автоматско здравствено осигурување

Овие измени ќе им помогнат на вработените кои менуваат работни места да не останат без здравствено осигурување затоа што не отишле во ФЗО или заради неажурност на фирмата.

Новина е и тоа што електронски ќе се прибираат изводи од матична книга на родени по службена должност кои досега се носеа како копија во фондот. За здравствено осигурување на бебе ќе треба да се донесе само пријава и здравствената легитимација на новороденчето. Овие услуги на граѓаните ФЗО им ги овозможува со поврзување со Агенција за вработување и Управа за водење на матични книги.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk