Стартува електронско поднесување на барања до УЈП

02.04.2014 08:24 | KumanovoNews

Управата за јавни приходи од овој месец овозможува фирмите и граѓаните регистрирани на е - даноци електронски да поднесуваат барања и да добиваат уверенија и потврди.

Стартува електронско поднесување на барања до УЈП

Корисниците на овој начин ќе можат да поднесат барање за издавање на увереније за платени даноци и придонеси, барање за извадање увереније за остварени приходи и барање за издавање на потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси.

Откако барањето ќе биде примено преку е - даноци, УЈП веднаш ќе го разгледа, а доколку има недостатоци во барањето, подносителот преку е - пошта ќе биде известен да го комплетира барањето.

Оваа услуга во моментот може да ја користат 72.350 фирми и 11.549 граѓани, односно вкупно 83.899 даночни обврзници кои се веќе регистрирани на е-даноци.

УЈП годишно издава над 250.000 потврди и уверенија за потребите на граѓаните и фирмите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk