Стартуваат бесплатни превентивни прегледи поради горештините

08.07.2015 08:23 | KumanovoNews

 Бесплатни превентивни прегледи и совети, почнувајќи од денеска ќе има секој ден од 18.30 до 21.30 часот, на платото пред Центарот за култура. 

Стартуваат бесплатни превентивни прегледи поради горештините

Лекарите од Здравствен дом Куманово ќе ја реализираат акцијата. На овие пунктови ќе се врши мерење на крвен притисок, се споделуваат информации за заштита од високи температури и препораки за здрави животни навики. Во текот на акциите на граѓаните ќе им се дели и печатен материјал во форма на брошури за превенција од топлотни бранови.

Бесплатните превентивни прегледи на овие пунктови овозможуваат навремено откривање на ризик факторите за кардиоваскуларни и други заболувања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk