Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најголемиот македонски празник Илинден во минатото беше голем ден за сите Македонци. Горди гледавме на историските настани, на минатото, а полни со надеж во иднина. А денес, да живееш во Македонија значи да си продаден, предаден, прекрстен, гладен, депресивен и со малку верба за подобар живот.
Денес да живееш во Македонија значи да гледаш како државата се празни, како младите заминуваат во еден правец, како ништо нема цена бидејќи нема вредност, и да гледаш како Македонија полека исчезнува. Со воља на владеачката клика станавме држава без идентитет, без јасна визија кои сме, што сме, каде одиме, и што сакаме. Сурово лишени од чувството за заеднички (национален) интерес губиме во битката со другите народи.
Затоа јавно го прашувам СДС имате ли причина за славење и што ќе одбележувате на 2 Aвгуст ? Или пак има потреба од радикално менување на на состојбите? Овој Илинден треба да биде ден за отрезнување !!! Прво треба да се покланиме пред ликот и делото на славните илинденци, револуционери и сите јунаци кои се бореа и изборија за слободна Македонија. Да покажеме почит кон сите кои се вградија во развојот на Македонија. Затоа што ние не сме подобри. Тие беа подобри од нас. Подобри, попаметни, позрели, похрабри, поспособни, поодговорни, помудри...
Сигурен сум дека и во нивните најцрни предвидувања не верувале дека во иднина ќе се појават некои поедници таканаречени Mакедонци, кои ќе бидат дел од власта и со леснотија ќе рушат се што е сoздадено и ќе газат по се што е македонско.
Се што претходните генeрации граделе со крв и пот со децении на пат сме да го уништиме. Овој ненароден режим мора да биде забележан како грда и срамна епизода во нашата историја. Затоа СДС нема причина да ништо да слави. Ги сруши темелите на Илинденското востание и на АСНОМ.
Денес опстанокот на македонскиот народ е доведен во прашање. Време е за радикално менување на состојбите. Затоа на крај пред нашите славни револуционери треба да дадеме ветување.
Силно и Непоколебливо. Да ветиме дека Македонија ќе ја браниме и одбраниме и ќе бидеме непоколебливи во реализација на ветеното.
ВЕЧЕН И ВЕКОВИТ ИЛИНДЕН !!!
Жарко Милошевски, претседател на СПМ-Куманово
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk