Стечаец се онесвести на протест

28.12.2012 16:29 | KumanovoNews

 Стечајецот Драги Трајковски од населбата Добрешане, денеска падна на улицата, откако му се слоши додека протестираше со останатите стечајци на влезот на Куманово.

Стечаец се онесвести на протест

Тој се онесвести, по што со возило на итна медицинска помош беше префрлен во кумановската болница. Вознемирени од она што му се случи на нивниот колега, стечајците велат дека тоа е нивно секојдневие бидејќи немаат пари за лекови, а здравјето им е нарушено.

Ова не е ништо ново, ни се случува на сите протести да падне некој од стечајците. Сите така ќе завршиме затоа што немаме пари да се лекуваме, а сите сме болни и имаме проблеми со притисок, срце и други хронични болести. Власта тврди дека здравството е бесплано, ама нема ништо без пари. Ние ќе умираме по улици затоа што Владата не сака да го реши нашиот проблем- изјави претседателката на УНИТ Лилјана Георгиевски.

Останатите стечајци кажуваат дека Драги на доаѓање им кажал дека останал без пари и за да купи пакетчиња на внуците морал да позајми 200 денари.Тој порано работел во фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври„.

Стечајците денеска го блокираа влезот на Куманово на надвозникот кај фабриката Искра од 10 до 12  часот, за да ја потсетат власта дека престојните празници ќе ги поминат гладни. Тие најавија дека по Божиќ протестите ќе ги радикализираат со цел да ја натераат власта да им го реше статусот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk