Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
М.Н.(51) од Куманово, поранешен стечаен управник во АД ЗИК “Сточарство и преработка“ незаконски присвоил пари од стечајната маса.
Тој во 2006 година извршил продажба на имот во висина од 68 милиони денари, по донесена одлука од Собрание на доверители и решение од Основен суд Куманово за продажба на имот и средства од акционерското друштво. Со овие пари е исплатена награда за стечајниот управник, персонален данок, плати за вработените и други давачки. Преостанатите средства во износ од 1.7 милиони денари М.Н. ги задржал за себе, а ја уништил целата книговодствена документација.
М.Н. ќе одговара за злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување или уништување деловни книги.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk