Стечајците бараат оставка од Живко Митревски

19.02.2014 10:14 | KumanovoNews

Стечајните работници од здружението УНИТ бараат оставка од првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски бидејќи вчера во Скопје не се сретна со нив.

Стечајците бараат оставка од Живко Митревски

Тој вооопшто, ниту во еден случај не се заложи за оваа категорија на граѓани. Од него бараме оставка. Да биде чесен кон себе и кон нас за она што вчера се случуваше. Од Влада на Република Македонија очекувам контрапротести да испрати од тие стечајци што не бараат обештетување, ќе ги чекаме пред Влада. Ние почитувавме правила и да не ги навредиме припадниците на МВР затоа што знаеме дека тие се извршители на власт, меѓутоа вчера бевме згрозени од нивната постапка кога тргнаа со клоци, тупаници и пендреци да тепаат жени - рече Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.

Таа им порача на дел од медиумите да не ги нарекуваат лажни стечајци, бидејќи тие 15 години се борат за своите права и статус.

За две недели се очекува стечајците повторно да протестираат во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk