Стечајците ќе ги бојкотираат изборите

12.04.2016 14:19 | KumanovoNews

Стечајните работници од целата држава ќе ги бојкотираат престојните парламентарни избори.

Стечајците ќе ги бојкотираат изборите

Ова го тврди претседателката на УНИТ, Лилјана Георгиевска, која додава дека нема отстапување од одлуката.

„Сите 18 здруженија на ниво на државата, едногласно донесоа одлука да не се излезе на избори. Ние ќе ги бојкотираме изборите и ќе се приклучиме на опозицискиот фронт. Повеќе од 10 години не можеме да ги добиеме нашите права од оваа влада, бидејќи премиерот не игнорира. Со полно право бараме промени во државата и да престане нашата агонија, да се обештетат стечајните работници, - вели Георгиевска.

 Најавените протести одлучиле да ги стават во мирување, поради целокупната политичко-безбедносна состојба во државата и со мигрантите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk