Стечајците ќе протестираат на наплатната рампа Романовце

09.09.2016 07:50 | KumanovoNews

Стечајните работници од Куманово денеска ќе организираат протест на влезот на градот и на наплатната рампа Романовце.

Стечајците ќе протестираат на наплатната рампа Романовце

Според претседателката на УНИТ Љиљана Георгиевска, протестот ќе започна во 10 часот на влезот на Куманово, а потоа стечајците пеш ќе заминат на автопатот Куманово-Скопје, на наплатната рампа Романовце. Таму ќе останат до 12 часот.

Георгиевска не е сигурна дали полицијата ќе им дозволи да излезат на автопатот и да го блокираат сообраќајот, бидејќи ги предупредила дека не можат да го запрат сообраќајот на  автопатот,  но вели дека протестот ќе се одржи.

„Ние нема што да изгубиме. Со години се бориме за своите права, гладни и беспомошни. Ако не затворат барем ќе имаме топол кревет и парче леб. Вака повеќе не се издржува, талкаме по улиците без скршен денар во џебот. Оваа власт не не ферма како да не постиме, - вели Георгиевска.

Стечајните работници од Куманово, повеќе од две децении бараат од државата да го реши нивниот статус. Да се донесе закон со кој ќе им се гарантира месечен надомест до пензионирање или повторно вработување, бидејќи повеќето имаат здравствени проблеми и немаат основни сретства за егзистенција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk