Стечајците го блокираа Куманово

23.03.2011 15:27 | KumanovoNews

 Триесетина стечајни работници и технолошки вишок, нападне го блокираат влезот на Куманово. Протестот траеше 2 часа, при што стечајците уште еднаш побараа од  власта да  го реши нивниот статус.

Стечајците го блокираа Куманово

Како што гледате ние секој ден сме се помалку затоа што третина од стечајците умреа од мака, а останатие се тешко болни.  Но ние ќе протестирме  до последен, и се додека не ни се исполнат барањата. Премиерот ни вика дека сме биле бранкови хулигани, што не е точно, ние сме гладни луѓе кои бараат да ги имаме истите права како и останатите во оваа држава. Да добиваме минимален надомест со кој ќе се прехраниме- вели Лилјана Георгиевска, претседтелка на „УНИТ„.

 Таа најави дека на 6 април ќе организираат масовни протести пред Основниот суд во Скопје, бидејќи мора да се појави на рочиште за необезбедување на редарска служба за време на протестите. Му порача на премиерот Никола Груевски, тогаш да најде време да ги прими на разговор. Покрај во Куманово, протести имамо и во останатите градови.      

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk