Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стечајните работници од Куманово денеска два часа го блокираа влезот на градот, барајќи да престане игнорантскиот однос на актуелната власт кон нивниот проблем.
Иако протестираме повеќе од два месеци, секој петок, досега никој од актуелната власт не не повикал на разговара за изнаоѓање на решение на нашиот проблем. Повеќе од 10 години бараме државата да не обештети и ни исплаќа по 6.000 денари месечен надомест. Протестите ги активиравме токму сега за да извршиме пристисок врз актуелната власт да предвиди средства за обештетување во буџетот за наредната година, кој ќе тежи 3 милијарди евра, - изјави Љиљана Георгиевска на денешниот протест.
Стечајците најавуваат дека ќе се приклучат на протестниот марш што опозицијата и невладините организации ќе го организираат на големиот празник 11 oктомври во Скопје.
„Ќе се приклучиме на маршот, бидејќи ние сме први во државата што не сме задоволни од владеењето на оваа гарнитура. Нема да протестирaмe заради Зоран Заев, туку лично заради нас како незадоволна група на граѓани, која со децении се бори за остварување на своите егзистенцијални права. , - додава Георгиевска.
Протестите ќе продолжат и во наредниот период.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk