Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стечајните работници од Куманово денеска два часа го блокираа сообраќајот на влезот и излезот на Куманово.
Тие побраа од владата да најде решение за нивниот проблем и од буџетот што ќе го донесе за наредната година да предвиди пари за нивно обештетување.
„ Од 3 милијарди евра колку ќе изнесува буџетот можат да се најдат пари и за 4000 стечајни работници. Ако тоа не го сторат тоа е многу безобразно од нивна страна. Ние сме една капка во морето, да ни се излезе во пресрет да не одиме повеќе по улиците. Ова е категорија на луѓе што ја создаваше оваа држава, а сега е оставена на немилост. Го подигнеме својот глас бидејќи сме заборавени од сите, власта, опозицијата, политичките партии и невладините организации, повеќе никој не се сеќава на стечајците кои беа ударници да се дигне гласот против овој режим, - вели Љиљана Георгиевска, претседателка на УНИТ.
Стечајците бараат паричен надоместок од 6000 денари до повторно вработување или пензионирање. Тие најавуваат протести секој понеделник, а доколку не се прифати барањето нивен следен чекор е радикализација на протестите и отпочнување на граѓанска непослушност.
Во Куманово има над 1000 стечајни работници.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk