Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 680 стечајци од Куманово ги исполнуваат условите за отпис на долгови и неплатени обрски за струја и радиофузна такса од страна на државата.
Претседателката на здружението на стечајни работници УНИТ Куманово, Лилјана Георгиевска, ја поздравува одлуката на Владата и се надева дека таа нема да биде селективна и ќе се спроведе онака како што е најавена.
- Со оваа мерка ќе бидат опфатени скоро сите нивни членови. Таа многу ќе ни помогне, но таа важи само за долгови направени со 31 декември 2013 година. Оваа година се направени нови долгови, затоа што немаме пари. Ова не е конечно решение за нас, па апелирам до Владата да го усвои нашиот предлог-закон. Така ќе продолжиме сами да си ги плаќаме долговите и парите ќе одат од државата за државата - изјави Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.
Таа вели дека во Македонија, околу 6000 стечајци ги исполнуваат условите за отпис на долгови од државата. За да се стекне со ова право, ланскиот приход на семејството не треба да има приходи повисоки од 105.600 денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk