Стечајците ја блокираа зградата на Комитет

07.03.2014 09:06 | KumanovoNews

Стечајните работници утрово ја блокираа зградата на Комитет и не дозволи вработените во синдикатот и партиите да влезат во зградата.

Стечајците ја блокираа зградата на Комитет

Со овој протест членовите на УНИТ сакаат да го покажат својот револт и да им порачаат на партиите да не си играат со нив.

Дојдовме за да протестираме против сите партии без исклучок и против гранковиот синдикат. Кога дојдовме не чекаше едно разочарување, бидејќи полицијата веќе го блокирала влезот на зградата. Наместо ние да бидеме до влезот, тие да бидат посредници, тие застанаа да протестираат, а ние ги помагаме. Еве една благодарност што ни “помагаат“ за самите протести. Недозволиво е на најавен протест така да се однесува МВР- рече Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.

Стечајците ги пропуштаа во зградата луѓето кои работат фирмите, за да не отсуствуваат на работното место.

УНИТ најавија дека и во иднина ќе организираат протести пред Комитет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk