Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стечајците од здружението УНИТ, по Божиќните празници, ќе продолжат со протести во Скопје. Единствено барање, како и досега, добивање на месечен надомест од 6000 денеари до пензионање или повторно вработување.
Претседателката на УНИТ, Лилјана Георгиевска вели дека овој пат ќе инсистираат лично премиерот да ги прими и да создадат услови за социјален дијалог.
“Во период од 15 до 20 јануари ќе протестираме во Скопје. Сакаме сите стечајци да бидат обештетени и не сакаме Владата да води инает. Досега сме пуштиле 215 барања да не прими премиерот Груевски, но секогаш изговорот бил дека е презафатен со работа, и ни нудеа да не примат шефови на кабинет“ - вели Георгиевска.
На протестот ќе присуствуваат повеќе од 300 кумановски стечајци.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk