Стечајците не го блокираа Табановце

23.02.2011 16:23 | KumanovoNews

 Полицијата не им дозволи на стечајците денеска да го блокираа магистралниот пат Куманово-граничен премин Табановце.

Стечајците не го блокираа Табановце

Наместо во бизина на преминот како што беше најавено, стечајците се обидоа да го сопрат сообраќајот во селото Долно Којнаре, но беа пресретнати од полициски кордон кој ги спречи во намерата. Предходно полицијата ги блокираше сите излези од Куманово кон автопатот, па стечајците одеа по ниви за да излезат на блокадата. Во еден момент  се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и на сила да излезат на авопатот. Во турканицата на еден од стечајците му се слоши и падна на земја. Колегите успејаа да го извлечат за да не го повредат, по што со Итна помош беше пренесен во болница.

Протестот го најавивме до сите институции, но сепак не ни дозвоволуваат да го реализираме. Брутално сме избркани, и срамно и жално е луѓе од 50 години да се влечат по асфалт.Ние сме приморани на овие протести бидејќи немаме од што да живееме. Секој ден на врата ни чукаат извршители, кои ни ја земаат покуќнината-вели Лилјана Георгиевска, претседателка на УНИТ.

Таа најави дека и покрај притисоците и игнорантскиот однос на премиерот, протестите ќе продолжат пред Владата, а ќе се организираат и на другите гранични премини во државата.

Стечајците обвинија дека повеќе нивни колеги од другите градови не успејале да дојдат, бидејќи биле спречени од полицијата. На протестот колку што имаше стечајци, токлу имаше и специјалци, а се појави и Љубе Бошковски да им даде подршка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk