Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новата мерката на Владата за откуп на стаж до пензија, не е прифатлива за кумановските стечајни работници.
Тие велат дека немаат пари ни за основна егзистенција, а не да најдат пари за докуп на стажот.
Нема секој да плати 2800 денари за доплата на стаж. Повеќето стечајни работници имаат одработено за пензија. На пример имаме стечаец со 35 години работен стаж, а само 16 години му се платени. Владата ако сакаше да помогне можеше само да го признае тој одработен стаж и така луѓето ќе дојдоа до пензија,- вели Љиљана Ѓеорѓиевска, претседателка на Здружението „Унит“.
Во здружението Унит околу 500 стечајци имаат дупка во работниот стаж затоа што работеле во фабрилите кои денеска се во стечај.
Граѓаните кои имаат право на откуп на стаж можат да поднесат барање до Министерството за труд и социјална политика каде ќе се утврди остварениот стаж во матичната евиденција и со доплата ќе добие право на старосна и индвалидска пензија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk