Стечајците потпишуваат петиција за обештетување

05.05.2015 11:37 | KumanovoNews

Стечајните работници од УНИТ на Градскиот плоштад започнаа со потпишување на петиција, за обештетување или вработување на оваа категорија граѓани.

Стечајците потпишуваат петиција за обештетување

Потписи ќе се собираат и наредните денови. Освен стечајците, поддршка на петицијата можат да дадат и граѓаните.

Вчера почнавме, а  денеска ни е втор ден. Денеска имаме собрани 130 потписи и задоволни сме од одзивот. Ќе собираме потписи оваа недела и наредната за да имаме што повеќе. Бараме Владата да ги вработи оние кои се за вработување, и да не обештети - рече Деска Смилевска, стечаен работник.

И самите стечајци се потпишаа на петицијата, со надеж дека наскоро нивните проблеми ќе бидат решени.

Се потпишав бидејќи јас од 1993 година сум стечаец, и немам денар примено од тогаш. Нека преземат мерки за стечајците кои се со 15 до 25 години стаж. За нас нема ништо каде и да одиме. Државата бара од мене  да плаќам сметки, ме даваат на суд - вели Николчо Максимовски, стечаец.

Стечајците велат дека потписи се собираат и во главниот град, а петицијата ќе биде доставена до Влада на Република Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk