Стечајците протестираа пред Центарот за вработување

15.04.2014 11:40 | KumanovoNews

Стечајните работници од УНИТ денеска протестираа пред Центар за вработување Куманово револтирани бидејќи мал дел од нив добија решенија за надомест до вработување или пензионирање.

Стечајците протестираа пред Центарот за вработување

Тие сметаат дека се работи за манипулација и маркетиншки трик на владејачката партија.

Сакаме да кажеме дека не може државата вечно да биде за едни мајка, за други маќеа. Сакаме да упатиме порака до Иванов затоа што тој рече дека ќе биде претседател на сите граѓани, меѓутоа нас ниту еднаш во 5 години не не спомна во неговиот мандат. Сакаме од него да се изјасни и да се заложи за да добиеме една корка леб - изјави Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.

Георгиеска вели дека многу од стечајците нема бидат опфатени со новиот закон.

Минатата недела 70 стечајци добија решенија и тоа е само првата група, а другите барања допрва ќе се обработуваат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk