Стечајците се борат за корка леб

16.06.2016 14:03 | KumanovoNews

 Стечајните работници денеска два часа го блокираа влезот на Куманово.

Стечајците се борат за корка леб

Тие уште еднаш побараа од актуелната власт да го реши нивниот статус.

“Цела Македонија е на нозе. Некој се бори за власт некој за спас на државата, а ние за корка леб, за да бидеме колку-толку нормални граѓани на ова општество. Ги бараме нашите права, бидејќи ние сме истерани од нашите работни места без никаков надомест.Имаме право да бидеме обешететени, - изјави претседателката на УНИТ Лилјана Ѓоргиевска.

Стечајците бараат по 6 000 денари месечен надомест и да се признае стажот за пензија. Стечајните работници за наредната недела најавуваат блокади на автопатот Куманово-Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk