Стечајците со шатори пред Собранието?

03.06.2013 10:22 | KumanovoNews

 Стечајните работници од здружението Унит се закануваат дека ќе постават шатори пред  Парламентот и нема да се тргнат оттаму, ако по 10 јуни Собранието на Република Македонија не се произнесе позитивно за предлог - законот за нивно обештетување.

Стечајците со шатори пред Собранието?

Ако не се изгласа предлог - законот, не само што ќе ставиме шатори, туку и ќе ги пуштиме луѓето да прават што сакаат. Луѓето немаат од што да живеат и како ќе се однесуваат нека мисли Владата.Додека не се исполнат барањата ќе бидеме таму и ќе ја тужиме државата пред меѓународните судови - вели Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.

Предлог - законот за обештетување на стечајните работници и технолошки вишок ќе биде поднесен по петти пат до Собранието.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk