Стечајците во петок ќе го блокираат Комитет

03.03.2014 17:19 | KumanovoNews

Стечајните работници во петок во 8 часот ќе ја блокираат зградата на Комитет и нема да дозволат вработените во Синдикат и во штабовите на политичките партии да отидат на работа.

Стечајците во петок ќе го блокираат Комитет

На ваков чекор од УНИТ се решија откако денеска во Регионалниот синдикат, не им беше ечено дека првиот синдикалец Живко Митревски нема да се сретне со нив.

 Живко Митревски дал допис до Регионален синдикат да не примат на разговор за да се отвори социјален дијалог. Ние поставивме наши услови, значи предлог закон за стечајни работници да се приложи до Регионален синдикат и да се проследи до Живко Митревски. Сите координатори на ниво на Македонија истото барање ќе го процесуираме, но не веруваме дека ќе вроди со средба и ова е залажување во изборна кампања - вели Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.

На ВМРО - ДПМНЕ им порачаа до петок да ги ослободат партиските простории во комитет, во спротивно ќе бидат исфрлени од објектот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk