Стечајците во петок ќе го блокираат Скопје

20.04.2010 13:31 | KumanovoNews

 Стечајците незадоволни од игноранскиот однос на власта што трае неколку месеци, најавуваат дека во петок ќе ги блокираат влезот и излезот на Скопје.

Стечајците во петок ќе го блокираат Скопје

 Ќе продолжиме да се бориме за нашите права, но овој пат ќе бидеме упорни и нема да отстапуваме без разлика на какви притисоци ќе бидеме изложени.Ни полицијта, ниту пак било кој од политичките претставници и партии нема да не спречат во тоа. Ќе продолжиме подрастично ,и со порадикални мерки да го изразуваме нашиот револт. Досега го блокиравме само влезот на Куманово, но сега најавуваме дека во петок на 24 април од 9 ДО 18  часот ќе ги блокираме сите главни раскрсници во Скопје -рече Љиљана Ѓеоргиевска, претседателка на стечајците во Куманово.



 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk