Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Меѓународниот ден на жената 8. Март, Форумот на жени на СДСМ Куманово организираше трибина за правата на жените и стечајните работнички.
Претседателката Атина Мургашанска потсети дека стечајките се симбол за борба за правата на работничките, бидејќи се најобесправени, оставени на улица, без право на надомест од компаниите кои ги граделе во минатото.
“Тие со години се борат за остварување на своите права, за остварување на некаков паричен надоместок, но за жал голем дел од нив останаа без средства и можност за остварување на своите права. Ќе се бориме за подобрување на положбата на жената во македонското општество, за изедначување на нејзините права, како во политиката, така во економијата, за нејзините позиции во семејството, здравствената заштита и сите други сфери во општеството„, - изјави Мургашанска.
Гостинки на трибината беа стечајните работнички од градот, предводени од претседателката Љиљана Георгиевска, која со години наназад води битка за исполнување на правата на стечајците.
„Ова се жени борци, а не само стечајни работнички. За жал се повеќе има обесправени, да не зборувам за оваа категорија поранешни вработени, оставени на маргините, на улица, без егзистенција. Мора да најдам малку вина и во работничката класа која треба да биде поажурна во остварување на своите права– изјави Георгиевска.
На трибината присуствуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски, кој ги поздрави дамите и им го честитеше празникот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk