Штедни книшки со 5.000 денари подарува Комерцијална банка

31.10.2017 09:08 | KumanovoNews

По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Комерцијална банка ќе им отвори штедни книши – отворено детско штедење Верверичка со износ од 5.000 денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во другите градови во Републиката во кои банката има свои филијали и/или експозитури, соопштуваат од банката.

Штедни книшки со 5.000 денари подарува Комерцијална банка

Средствата ќе бидат исплатени само на оние лица кои документите ќе ги достават најдоцна до 31.12.2017 година.

 Оваа година по тринаесетти пат ќе се доделат штедните книшки Верверичка и касички, а до сега во просек секоја година по 45 семејства им се радуваат на средствата што нивните најмили ги добиваат од Комерцијална банка АД Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk