Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението “Регионален центар за соработка СПЕКТАР“ од Крива Паланка, заедно со “Младинскиот општински совет“ од Ќустендил, Р.Бугарија, во периодот од 18.10.2016 до 18.01.2018 година, го спроведува проектот “СТЕПС-Подршка на претприемништвото и популаризирање на услугите во туризмот“, преку Интеррег-ИПА прекугранична програма Бугарија – Македонија. Вкупната вредност на проектот е 119 530,31 евра.
Специфична цел на проектот е зголемување на конкурентноста на туристичката понуда во прекуграничниот регион , кое ќе резултира со проучување за идентификација на потребите и предизвиците во туристичкиот сектор по однос на човечките ресурси, квалитетот на услугите и иницијативите за претприемништво, обука за 40 млади претприемачи во туризмот, разработена онлајн СТЕПС платформа за активни образовни иницијативи со фокус врз младите во сферата на претприемништвото и самовработувањето во туристичкиот сектор, како и Формализирана мрежа од претприемачи во туризмот.
Сите резултати ќе донесат дополнителна полза во прекуграничниот регион, вклучувајќи создавање на атрактивна средина за развивање на туристичкиот сектор, потикнување на креативното мислење и перспективите на локалниот еокономски развој и подобро решавање на основните проблеми, сврзани со младите на трансгранично ниво.
Основните целни групи, кои што ќе имаат полза од проектот се невработени лица на возраст над 18 години и ученици на возраст над 18 години.
Директни бенефициенти од проектот се ученици и невработени лица, бизнис секторот и неговите организации на територијата на Североисточна Македонија и област Ќустендил, а крајните корисници ќе бидат населението на транграничниот регион, субјектите од туристичкиот сектор и туристите.
Основните активности од проектот се:
- Истражување: Можности и предизвици за изработка на квалитетни туристички услуги и продукти во прекуграничниот регион;
-Акциски план за подршка на претприемништвото во туримот;
-Специјализирана обука за млади претприемачи во туризмот;
-Онлајн платформа за бизнис консултации во туризмот;
-Онлајн консултации за старт ап компании во секторот Туризам;
-Настан за создавање на мрежа на млади претприемачи во туризмот;
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk