Штетите од пожарите од понеделник ќе се пријавуваат во Општина Куманово

10.07.2025 15:38 | KumanovoNews

Граѓаните кои претрпеа штети од пожарите ќе можат од понеделник да поднесат барање за надомест на штета во Општина Куманово.

Штетите од пожарите од понеделник ќе се пријавуваат во Општина Куманово

„Се известуваат граѓаните на општина Куманово кои имаат претрпено штети од пожарите, дека од понеделник 14.07.2025 заклучно со 25.07.2025 ќе можат да поднесат барање за обештетување. Барањето заедно со копија од лична карта, трансакциска сметка,копија од имотен лист, број за контакт, фотографии од предизвикана штета да го доставот до Комисијата за проценка и утврдување на висина од штета од природни непогоди и други несреќи, до архива (писарница) на Oпштина Куманово“, соопшти Општината. 

Во текот на вчерашниот ден, на територијата на општина Куманово биле евидентирани 13 пожари на следните локации: населбите Карпош, спроти Мега, „Перо Чичо“, спроти ресторан „Валтер“ и на ул. Ѓуро Пуцар Стари,  Средорек – м.в. Стари лозја (два пожара), Средорек – спроти стара пекара „Икс Миледи“, Горно Којнаре – кај црквата,  Долно Коњаре – место викано „Палестина“, Табановце, во близина на с. Романовце – кај бензинска „Лук Оил“,  Четирце,  Никуљски пат – место викано Почивало. 

Оттаму апелираат да не се опожаруваат стрништа и суви треви, особено во наредниот период, како и да не се фрлаат отпушоци, за да не дојде до појава на пожари. Граѓаните да се воздржат од непотребни движења на отворен простор, како и да информираат за сите забележани пожари на отворени површини и сомнителни движења на лица, на дежурниот телефон 193 и 112.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk