Стево Пендаровски е новиот претседател на Македонија

05.05.2019 21:43 | KumanovoNews

По преброени 99,97 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски е победник со околу 60 илјади гласови повеќе од кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.

Стево Пендаровски е новиот претседател на Македонија

Пендаровски има 436.033 (51,67%) гласови, додека Силјановска-Давкова има 377.422 (44,73%), според резултатите на Државната изборна комисија. Неважечки се 30.415 (3,60%) ливчиња.

Излезноста е над 46%, што значи вториот круг од претседателските избори е успешен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk